Ердоган го отпиша Мицотакис: „Не постои повеќе за мене!“

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во понеделникот дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повеќе не постои за него бидејќи тврди дека при неговата посета на САД се обидел да ја блокира продажбата на воени авиони Ф-16 на Турција.

-Се договоривме да не вклучуваме трети земји во нашиот спор. И покрај тоа, тој минатата недела ги посети САД и во обраќањето пред Конгресот ги предупреди да не ни даваат Ф-16, изјави Ердоган за медиумите по седницата на Владата.

-Тој веќе не постои за мене. Никогаш повеќе нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме со чесни политичари , додал Ердоган.

Тој информирал дека Анкара наскоро ќе започне нови воени операции долж нејзините јужни граници за да создаде безбедни зони длабоки 30 километри за борба против терористичките закани од овие региони.

„Главна цел на овие операции ќе бидат областите кои се центри на напади врз нашата земја и безбедни зони“, рекол Ердоган, без да даде други детали, пренесува Ројтерс.

Ердоган посочил дека операциите ќе бидат започнати веднаш штом војската, разузнавачките и безбедносните сили ги завршат подготовките.

Слични содржини