Ердоган: Грците исплашени поради турската ракета Тајфун

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплашило Атина и изјави дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

„Сега почнавме да правиме наши ракети и ова производство ги исплаши Грците. Ќе кажете Тајфун, а тие се плашат, велат дека тоа може да ја погоди Атина. Да, секако дека може да ја погоди. Ако не останете смирени, ако се обидете да го поставите оружјето што го добивте од САД на островите, и ќе ја погоди“, предупреди Ердоган, пренесува „Анадолија“.

Тој додаде дека „земја како Турција сигурно нема да седи со скрстени раце“ и дека „ќе мора да направи нешто“.

Во октомври Турција тестираше домашно произведена балистичка ракета со краток дострел „Тајфун“ над Црното Море, за која рече дека може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.

Анкара е вознемирена од она што го опишува како зголеменото трупање на грчката армија на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД, наведе „Анадолија“.

Слични содржини