Ердоган: Ѓулен претставува закана за 170 земји во светот

од Vladimir Zorba
66 прегледи

 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа во обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк ги повика светските лидери да преземат мерки против „терористичката мрежа“ на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, оценувајќи дека таа ја загозува нивната безбедност.ердоганнн

– Од оваа говорница ги повикувам сите наши пријатели под итно да ги преземат неопходните мерки против терористичката организација на Ѓулен, поради заштита на сопствената безбедност и безбедноста на своите нации, изјави Ердоган, додавајќи дека оваа организација не претставува закана само за Турција, туку и за сите 170 земји во светот во кои таа има свои институции и активности.

Според Ердоган, ваквите бројки значат дека најголемиот дел од земјите членки на ОН се загрозени од „илегалната стрктура“ на Ѓулен.

Анкара го обвинува Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, дека стои зад обидот за воен удар во Турција во јули годинава и досега во неколку наврати побара од американските власти негова екстрадиција, но Вашингтон бара недвосмислени докази за негова поврзаност со настаните за кои го обвинуваат турските власти.

Како што јави Ал Џезира, Ердоган во обраќањето се осврна и на состoјбата во Сирија, оценувајќи дека турската интервенција во оваа земја на почетокот на месецов придонела за „воспоставување на мир, рамнотежа и стабилност во регионот“, каде според него, владее безнадежност.

– Благодарение на нашата операција ги ослободивме Џараблус и Ал Рај и ја поместивме линијата меѓу Џараблус и Азаз, со што создадовме кродор на мирот. Целта на нашата акција е создавање на безбедносна зона, порача Ердоган.

Тој говореше и за односите меѓу ЕУ и Турција, при што го обвини Брисел дека не ги испонил своите ветување кон Анкара во врска со прибилижувањето на земјата кон Унијата.

Инаку, на заседаните на Генералното собрание на ОН учествува и македонска делегација, предводена од претседателот Ѓорѓе Иванов.