Ердоган: Хамас е ослободителна организација, а не терористичка

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган изјави денеска дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка, туку ослободителна организација која се бори да ја заштити својата земја.

Во обраќањето до членовите на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Израел ги искористил добрите намери на Турција и нема да оди во Израел како што претходно беше планирано, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан најави дека израелската копнена операција во Газа ќе го претвори тамошниот конфликт во масакр.

На заедничката прес-конференција со неговиот катарски колега во Доха, Фидан изјави дека оние кои ги поддржуваат акциите на Израел под изговор на солидарност се „соучесници во неговите злосторства“.

Слични содржини