Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во текот на вчерашниот ден доделил медал на спасувачите од земјава, кои учествуваа во акцијата за извлекување на преживеаните и справувањето со последиците од катастрофалните земјотреси што се случија во февруари годинава.
-Во име на Република Северна Македонија Г-дин Зулфиќар Зејнулаи заменик Директор на Дирекцијата за заштита и спасување денеска го прими Врховниот државен медал за пожртвуваност од претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, што се одржа во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување.
На церемонијата на доделувањето исто така бил присутен и амбасадорот на Република Северна Македонија, Јован Манасијевски.
Од Дирекцијата потенцираат дека Ердоган, пред присутните во салата, го изразил своето среќно искуство да им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои се жртвуваа во земјотресите во Кахраманмараш и Хатај, по повод церемонијата на доделување на државниот Врвен медал на жртвување.
Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата на Република Северна Македонија.