Ердоган итно издаде указ: Турција подготвува нови мерки

од Nikola Popovski
133 прегледи

Во Турција, бројот на заразени со коронавирус се искачил на 1.502 случаи за еден ден, што е најмногу од средината на јуни, па затоа претседателот Ердоган подготвува нови мерки.

Министерот за здравство Фахретин Коца напишал на Твитер дека починале уште 24 лица, со што вкупниот број досега изнесува 6.163 смртни случаи.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган најавил дека државните институции сега ќе можат да применат „флексибилни услови за работа“, како што е работа од дома.

Ова било објавено во претседателскиот декрет во текот на вечерта, во кој се вели дека се преземаат чекори за запирање на епидемијата во земјата.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопштило дека се забранети одредени собири, прослави, свадби и веридби.

Во 14 провинции, свадбите ќе можат да траат само еден час, со забрана за танцување и други видови забава.