„Ердоган ја понижи Фон дер Лајен, важно е да се биде искрен со диктаторите“

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Премиерот на Италија, Марио Драги, го обвини претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за понижување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Тој рече дека е важно „да се биде искрен со диктаторите“.

Фон Дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во средата се состанаа со Ердоган во Анкара. Претседателот на Европската комисија очигледно се изненади кога Ердоган и Мишел зедоа две подготвени столови, па затоа таа мораше да седи на троседот.

„Апсолутно не се согласувам со однесувањето на Ердоган кон претседателката фон дер Лејен. Мислам дека тоа беше несоодветно однесување и многу ми е жал за понижувањето што го доживеа фон дер Лејен“, изјави Драги пред новинарите.

Драги истакна дека со луѓе како Ердоган, кои треба да се нарекуваат диктатори и со кои работата мора да се координира во секој случај, треба да се биде целосно искрен во искажувањето на различни ставови и мислења.

Слични содржини