Ердоган ја повикува ЕУ на дијалог,а продолжува потрагата по гас

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Европската унија на дијалог поради зголемените тензии на истокот на Средоземното море, но и покрај тоа, тој и денес продолжи со потрагата по гас таму.

Мисијата беше продолжена до 29 ноември, а истражувањето се спроведува во поморската зона околу која се расправаат Анкара и Атина.

Присуството на турскиот истражувачки брод „Орук Реис“ во спорната област ги доведе Турција и Грција на работ на војната и предизвика повеќемесечни тензии во односите со ЕУ, кои овој месец ги продолжија санкциите за Анкара за уште една година и планираат да ги заострат.

Казните вклучуваат ограничено издавање визи и замрзнување на средства на лица поврзани со потрага по гас во Средоземното Море.

„Чекаме ЕУ да ги исполни своите ветувања, да не дискриминира или барем да не стане алатка за создавање непријателство кон нашата земја“, рече Ердоган на конгресот на неговата партија.

Турскиот водач тврди дека Турција „не ја гледа својата иднина на друго место освен во Европа“ и дека Анкара сака „најблиска соработка со пријатели и сојузници“.

„Не сметаме дека имаме проблем со која било држава или институција што не може да се реши преку политички, дипломатски пат или дијалог“, рече Ердоган.

Слични содржини