Ердоган ја затвори границата поради вирусот Ковид-19

од Nikola Popovski

Турција ја затвори границата со Иран како превентивна мерка поради епидемијата на коронавирус.

Иран е прва земја на Блискиот исток што пријави случаи на заболени лица со вирусот КОВИД-19, бидејќи министерот за здравство во земјата објави дека 43 лица се заразени.

Властите во областа Ван, популарна дестинација за иранските туристи во источна Турција, поставија термички фотоапарати на граничниот премин, додека на работниците кои доаѓаат во контакт со посетителите им е наредено да носат заштитни маски, пренесува „Дејли Сабах“.

Ова се должи на зголемениот број на ирански туристи во тој дел на Турција, непосредно пред Иранската нова година.

Неодамна, ирачката влада исто така забрани влез на туристите од Иран, од страв од ширење на коронавирус.

Слични содржини