Ердоган: Ликвидиран е висок функционер на Работничката партија на Курдистан

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека турската армија во операција во Ирак убила висок функционер на Работничката партија на Курдистан (ПКК), Селман Бозкир.

Ердоган соопштил дека Бозкир е убиен во центарот за бегалци Макмур во северен Ирак, што е прва турска потврда за воздушен напад врз кампот, за кој Анкара тврди дека е засолниште за курдските екстремисти, пренесува Ројтерс.

Минатата недела турскиот претседател предупреди дека Турција ќе го бомбардира кампот Макмур, во кој се сместени илјадници турски Курди.

Ирачките власти вчера соопштија дека Турција извршила воздушен напад врз кампот во кој загинале три лица.

Ердоган на Твитер соопшти дека Анкара нема да дозволи ПКК, која водеше повеќедецениско курдско востание во југоисточна Турција, да го користи Макмур како „инкубатор за тероризам“.

Повеќето турски операции против Курдите на северот на Ирак се насочени кон територијата на 30 километри од границата, но Кампот Макмур се наоѓа подалеку.

Слични содржини