Ердоган: Моите разговори со Путин би можеле да доведат до обновување на договорот за жито

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека неговите планирани разговори со рускиот претседател Владимир Путин би можеле да доведат до обновување на договорот за жито.

Тој ги повика западните земји да ги разгледаат барањата на Москва, објави телевизијата Хабертурк, пренесува „Ројтерс“.

Зборувајќи за членството на Шведска во НАТО, Ердоган рече дека Турција ќе преземе чекори за ратификување на нејзината апликација за влез во алијансата.

Слични содржини