Ердоган му порача на Борел: Тоа е лоша изјава, не си на мое ниво

од Nikola Popovski
246 прегледи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, нема ингеренции за односите меѓу Русија и Турција, пренесува „Avaz.ba“.

Оваа изјава доаѓа откако Борел ја повика Турција да се приклучи на санкциите против Русија поради војната што земјата ја предизвика во Украина.

Ердоган изјави дека Борел можел да разговара со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и дека тој е „на негово ниво“.

– Лоша изјава на Борел. Тој не може да ги дефинира и официјализира односите на Турција со Русија бидејќи нема ниту квалификации, ниту способност да носи такви одлуки – рече Ердоган.

Слични содржини