Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги коментираше актуелните односи во Европа и рече дека целта на Анкара е да ги развива односите со Европската унија и рече дека земјите се соочуваат со еден од најголемите безбедносни предизвици во овој период.
Во говорот во кој се осврна на повеќе теми, Ердоган порача дека Турција сака да гради односи со ЕУ врз основа на заеднички интереси, меѓусебно почитување и перспектива фокусирана на целта за полноправно членство.
„Ги потсетуваме. Последниот излез пред мостот е Турција. Се чини дека неодамнешните дискусии, особено во контекст на Украина, беа дочекани со загриженост во земјите-членки на Унијата. Европската унија се обидува да се справи со еден од нејзините најголеми безбедносни предизвици во последно време. Вредноста на урамнотежениот, конзистентен и принципиелен став на Турција во руско-украинската војна денес е подобро разбрана од првиот ден“, рекол Ердоган.
Тој, исто така, нагласил како се надева дека Европа ќе ја разбере улогата на Турција.
„Се надеваме дека нашите европски пријатели ќе ја разберат улогата на новата Турција во преобликувањето на светот и соодветно ќе ги одредат своите стратегии. Верувам дека кога ќе се воспостави ова единство на разбирање, односите меѓу Турција и Европа брзо ќе се развиваат во сите области“, посочил турскиот претседател.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, но и во другите делови на светот, Ердоган навел дека „земјотресите се чувствуваат насекаде“.
„Да се каже отворено, глобалниот систем кој тврди дека се заснова на правила и закони влезе во фаза на колапс. Оние кои најсилно удрија со чеканот по меѓународниот поредок се основачите на системот. Сите ги слушаме звуците на земјотресите во многу делови од светот, особено во Палестина, Либан и Украина. Имаме намера да ја дочекаме новата ера со ослободување од товарот на нашиот грб и кршење на оковите на нашите нозе“, заклучил турскиот претседател.