Амбасадорот на Турција во Киев Јоне Џанг Тезел одговорил  во интервју за новинската агенција Укринформ кои се причините за одбивањето на  пропуштање на танкер со компримиран гас за Украина во Босфорот.

20150321.sfrfqanlkm

Турскиот дипломат уверил дека главната причина за забраната на LNG-танкерот да биде пуштен во теснецот е потенцијалната закана за густо населените  во Истанбул. “Преминувањето на LNG-танкери преку Босфорот е проблематично прашање. Пред сè станува збор за безбедноста во веќе преоптоварениот и тесен теснец. LNG-танкерите се значително поголеми од нафтените. Во случај на хаварија, какви веќе се случувале со нафтените, последиците за Истанбул ќе бидат деструктивни “- изјавил амбасадорот. Тој истакна дека “секој сосед на Турција во Црното Море, исто би добил отказ”, и тоа не важи само за Украина. Упатените коментраат дека можеби има врска и не само теснецот  на Босфор, туку и се потесните врски Ердоган- Путин.

Слични содржини