Ердоган: Нема да го променам својот став доколку не видам конкретни чекори од Финска и Шведска

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека земјата се уште не добила конкретни предлози за решавање на загриженоста во врска со кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО.

Анкара се спротивстави на кандидатурата на двете земји во Алијансата затоа што тие ги поддржуваат групите што ги сметаат за терористи, пренесува „Ројтерс“.

Ердоган изјави во парламентот дека Турција сака да види искрен пристап на двете нордиски земји кон нивните грижи и истакна дека Анкара нема да го промени својот став доколку не види конкретни и обврзувачки чекори.

Слични содржини