Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва изјавил дека Турција нема да го поддржи влезот на Шведска и Финска во НАТО, пренесува АФП.
Ердоган најавил дека делегациите на Финска и Шведска ќе ја посетат Турција во понеделник, но рече дека „не мора да се мачат“ да дојдат за да ја убедат Турција да го одобри нивниот прием во НАТО, пренесува Ројтерс.
„Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно“, рекол Ердоган, пренесува РИА Новости.