162
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција нема да заземе позитивен став за кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО доколку не ги исполнат своите ветувања за борба против тероризмот.
„Додека не престанат да ги поддржуваат терористичките организации да дејствуваат против нашата земја, не треба да очекуваат позитивен пристап од нас“, изјави Ердоган за телевизијата ТРТ, пренесува „Анадолија“.
Турскиот претседател рече и дека никој не треба да очекува отстапки од Турција и дека Анкара постојано предупредува дека никој не треба да ги поддржува терористите на ПКК, како и на ФЕТО.