Тој е терорист, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган така го именуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој го опиша израелското присуство на палестинските територии како окупација и ја обвини израелската армија дека е сурова. Шефот на државата даде изјава во Адана, јужна Турција, објави агенцијата Анадолија. 

Односите меѓу двете земји се повторно затегнати по  последните судири во Појасот Газа, кулминирајќи со десетици мртви и илјадници повредени.

Нетанјаху, пак, исто така, му одговори на турскиот претседател Ердоган за неговата акутна критика за “нехуманиот напад на Израел” во Газа .

  Најморалната армија во светот нема да ги слуша моралните предавања од страна на некој кој бомбардираше цивили со години го обвини  Нетанјаху Ердоган.

Тој, пак, ја обвини Турција за окупацијата на Кипар и за операцијата во северна Сирија.

Израел е подложен на критики и притисок за насилство. Сепак, тој одби да спроведе независна истрага.

Соединетите Држави ја блокираа нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на рестрикции и истраги за насилството.