Ердоган: Нетанјаху не се разликува од Хитлер

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се разликува од Адолф Хитлер и ги спореди нападите на Израел врз Газа со нацистичкото прогонство на Евреите.

Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган ја повтори својата критика за поддршката на Западот за Израел и додаде дека Турција е подготвена да ги пречека академиците и научниците кои се соочија со прогон поради нивните ставови за конфликтот во Газа, пренесува „Ројтерс“.

Турскиот претседател минатата недела изјави дека е срам за човештвото што толку многу „славни“ земји стојат со скрстени раце пред израелските „варварски напади, масакри и грабежи“.

„Историјата ќе им суди на оние кои се одговорни за предизвикување на оваа одвратна слика, оние кои се обидоа да ја легитимизираат и оние кои ги затворија очите пред неа“, рече Ердоган на минатонеделната церемонија на претседателските награди за култура и уметност во Анкара, јавува „Анадолија“.

Слични содржини