Ердоган нуди да биде домаќин на средбата Путин-Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин, за време на состанокот во Сочи во петокот, Турција да биде домаќин на средбата на Путин со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Сега е клучно целосно да се спроведе планот за извоз на жито и да се преземат практични чекори за враќање на преговорите во Истанбул. Од самиот почеток повторувам дека војната во Украина не може да има победник и цврсто сум убеден дека кризата може да биде решено преку преговори“, истакнал Ердоган, пренесе турската ТВ ТРТ.

Ердоган нагласи дека Турција ќе го продолжи дијалогот со својот црноморски сосед Русија во сите области со цел да придонесе за глобалниот мир, пренесе ТАСС.

Слични содржини