Ердоган: Очекувам утре во Идлиб да биде прогласено примирје

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува прекин на огнот во сириската провинција Идлиб по утрешната средба со рускиот лидер Владимир Путин.

„Што се однесува до преговорите, очекуваме прекин на огнот“, рече тој.

Конфликтот во регионот Идлиб, кој остави раселени речиси милион луѓе, деновиве се засили меѓу сојузничките бунтовници од една страна и сириските владини сили поддржани од Москва и Техеран од друга страна. Борбата за Идлиб, која претставува последна голема област контролирана од бунтовниците на северозапад, може да предизвика, според Обединетите нации, најголемата хуманитарна криза од почетокот на деветгодишната граѓанска војна во Сирија.

Слични содржини