Турската полиција денеска упадна во редакцијата на политичкиот неделник „Нокта“ и приведе двајца уредници поради насловната страница, која имплицира дека изборните резултати од вчерашните избори ќе ја продлабочат поделеноста и ќе предизвикаат конфликт во земјата.

TURKEY-_ERDOGAN_Victory2

„Нокта“ на насловната страница објави наслов „Почеток на граѓанска војна“ откако на вчерашните избори владејаќката Партија на правдата и развојот (АКП) освои парламентарно мнозинство.

Организациите за заштита на човековите права и опозицијата го осудија претседателот Реџеп Таип Ердоган и АКП дека се обидуваат да го задушат опозициските медиуми.

Пред изборите турските власти затворија два опозициски весници и исклучија два телевизиски канали.

Од „Нокта“ соопштија дека истанбулскиот обвинител забранил дистрибуција на последното издание на весникот и наредил упад во редакциите, откако насловната страница беше објавена на интернет.

Обвинителството се уште не го коментира случајот/  МИА

Слични содржини