Ердоган положи заклетва: На чело на Турција уште пет години

од Nikola Popovski
357 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат.

„Се колнам во мојата чест и интегритет пред големата турска нација и историја дека ќе го зачувам постоењето и независноста на државата, дека ќе се придржувам до Уставот, владеењето на правото, демократијата, принципите и реформите на Ататурк и принципите на секуларната република“, рече Ердоган на церемонијата на инаугурација во парламентот во Анкара.

Ердоган, кој е лидер со најдолго владеење во Турција, победи на неодамнешните претседателски избори.

Во вториот круг освои 52,2 отсто од гласовите и со тоа го победи противкандидатот Кемал Киличдароглу.

Слични содржини