Ердоган понуди решение: Газа по војната мора да биде дел од независната, суверена палестинска држава

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган смета дека Газа мора да биде дел од независна, суверена палестинска држава штом ќе заврши војната меѓу Израел и Хамас.

Тој додаде дека Анкара нема да го поддржи моделот, како што наведе, на „постепено бришење на Палестинците од историјата“.

Зборувајќи со новинарите за време на неговото враќање од Казахстан во петокот, Ердоган исто така рече дека шефот на турската разузнавачка служба Ибрахим Калин е во контакт со израелските и палестинските власти, како и со Хамас, пренесува „Ројтерс“.

Тој оцени дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не е некој со кој е можно да се продолжат разговорите, но додаде дека Анкара нема да ги прекине односите со Израел, пишува „Хабертурк“.

Ердоган смета дека Европската унија не зазеде искрен став за војната меѓу Израел и Хамас и ситуацијата во Појасот Газа и дека како резултат на тоа довербата во блокот е „длабоко разнишана“.

Поддршката што европските земји му ја покажаа на Израел произлезе од „нивните долгови“ поради холокаустот, додаде Ердоган.

Слични содржини