Ердоган посочи кој го ниша светот!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Техеран дава поттик на опасен процес, а  Русија цели  да создаде„ испостава“ држава !

erdog

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Русија подготвува средина за создавање на “испостава” сириска држава во северната провинција Латакија, пренесе Reuters.

За време на говорот пред турските амбасадори во светот Ердоган ја обвини Русија дека врши удари против Туркменистанци во областа.

Шефот на државата го нападна и Иран, велејќи дека земјата ги користи настаните во Сирија, Ирак и Јемен, за да се прошири сферата на влијание. Ердоган изрази мислење и дека Техеран се обидува да даде поттик на опасен процес, користејчи ги   религиозните разлики во конфликтот.