Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се договорил со рускиот претседател Владимир Путин житото испратено во рамка на Црноморскиот договор да се доставува бесплатно до сиромашните африкански земји.
Ердоган го изјави ова за време на говорот во Истанбул, откако Москва во средата продолжи да учествува во договорот за жито што Украина и Русија го потпишаа со посредство на ОН и Турција, пренесува „Ројтерс“.
На крајот на јули претставниците на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа пакет од два документа.