Ердоган повика на итен прекин на огнот: „Во Газа се случуваат злосторства против човештвото“

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“.

„Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот.

Слични содржини