246
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави за рускиот државен телевизиски канал „Русија 1“ дека Европа ќе плати висока цена за изолацијата на Русија.
„Цената за Западот ќе биде бесконечна. И Европа сè повеќе ја плаќа таа цена, а со неа и Полска“, рече Ердоган.
Медиумите јавуваат дека Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин имале телефонски разговор пред два дена. Тема на разговор било целосното спроведување на договорот за жито.
Путин изјави дека Русија не е изолирана ниту ќе биде изолирана од остатокот од светот. Според Путин, „Русија има многу пријатели“.
„Русија не може да биде изолирана бидејќи е најголемата земја по територија и присуство на нуклеарно оружје“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.