Ердоган: Предвремените избори во земјата се несакани, но не и незамисливи

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека предвремените избори во земјата се можен излез.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека предвремените избори во земјата се можен излез, ако парламентот не успее да се справи со своите обврски, додека пратениците разговараат  за измените во Уставот. Говорејќи пред турски новинарите Ердоган изјави дека секогаш бил против предвремените избори и изрази надеж дека преговорите за уставните реформи ќе завршат уште оваа недела.

Парламентот веќе ги одобри клучните промени од пакетот реформи за време на првичното гласање, со што ја приближи турската држава уште повеќе до претседателската форма на управување. Цел кон кој Ердоган одамна се стреми и си обезбедува апсолутна моќ.