Турскиот парламент ќе го исполни ветувањето и ќе ја ратификува шведската кандидатура за НАТО доколку администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден овозможи продажба на американски авиони Ф-16 на Анкара, најави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.
Говорејќи пред новинарите на враќање од азербејџанската енклава Нахчиван, Ердоган рече дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО минатата недела во Њујорк, пренесува Ројтерс.
Ердоган изјави дека американската администрација ја поврзува продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција со ратификацијата на шведската кандидатура од страна на Анкара.