Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со претседателите на Косово, Хашим Тачи и Србија, Александар Вучиќ, објави вечерва агенцијата Анадолија.

Според Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Ердоган имал одделни телефонски разговори со Тачи и Вучиќ.

Тие разговарале за зајакнување на односите меѓу Турција и регионот.

Соговорниците се согласиле да продолжат со тесна соработка и консултации за билатерални и регионални прашања, се вели во соопштението.

Слични содржини