Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да биде посредник меѓу Киев и Москва

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со неговиот украински колега Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировните преговори меѓу Киев и Москва.

Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да го „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и да обезбеди траен мир, пишува Хабертурк.

„Подготвени сме да ја преземеме улогата на посредник во преговорите за да се обезбеди мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, рече турскиот претседател.

Слични содржини