Ердоган: Руското повлекување од Херсон е позитивен и важен чекор

од Destan Jonuzi

Одлуката на Русија да ги повлече своите војници од украинскиот град Херсон е позитивен чекор напред, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Руската одлука во врска со Херсон е позитивна, важна“, им рече Ердоган на новинарите во Анкара пред неговото патување на самитот на Советот на турските земји, што се одржува во Узбекистан.

Тој ја коментирал и веста дека Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индонезија, велејќи дека Турција и Русија ќе продолжат да ја одржуваат телефонската дипломатија.

„Ќе продолжиме да ја одржуваме телефонската дипломатија со Русија и се надеваме дека ќе бидеме успешни во посредувањето и ќе овозможиме транзиција од свет во кој доминира војна во свет во кој доминира мирот“, рече Ердоган.

Слични содржини