Ердоган сака „нова ера“ во односите меѓу Турција и Грција

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека „нема проблем што не може да се реши“ меѓу Турција и Грција.

„Нема проблем што не може да се реши меѓу нас“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Турскиот претседател рече дека е неопходно да се дејствува „со добри намери“ и „да се фокусираме на заедничка визија“.

Во разговор со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, Ердоган изразил надеж дека денешната средба за стратешка соработка меѓу Турција и Грција ќе биде можност за „нова ера“ во односите меѓу двете земји.

Ердоган е во прва официјална посета на Атина од 2017 година, по неколкугодишни тензии меѓу двете земји.

Слични содржини