Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на продолжување на офанзивата на азербејџанската армија и на „ослободувањето на сите окупирани земји во Карабах“.
„Азербејџан веќе ослободи голема територија. Се надевам дека ќе ја продолжи својата борба се додека не ја ослободи целата своја земја во Карабах“, рече Ердоган.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација, додека во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.
Konya Şehir Hastanemizin açılışını gerçekleştiriyoruz. https://t.co/UkyE9kY61u
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) October 2, 2020
Конфликтот во Нагорно Карабах започна во февруари 1988 година, кога овој автономен регион објави отцепување од Азербејџан во тогашниот Советски Сојуз. По вооружениот конфликт во периодот 1992-1994 година, Баку изгуби контрола над Нагорно Карабах и седум соседни региони.
Преговорите за мирно решавање на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, САД и Франција. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, а Ерменија ги штити интересите на непризнатата република, имајќи предвид дека Нагорно Карабах не е страна во преговорите.