Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прв пат се појави во Истанбул во јавноста по четиридневна пауза поради болест, покажуваат телевизиските снимки.
Шеесет и деветгодишниот шеф на државата, кој според неговото опкружување имал стомачен вирус, во последните четири дена зборува само преку видео врска, поставувајќи прашања за неговото здравје две недели пред претседателските избори на 14 мај.
Ердоган го посети аеронаутичкото шоу „Текнофест“ на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Турција го претставува тоа шоу како „најголемo во светот“ каде што нејзината воена индустрија ќе ги изложува своите беспилотни летала и авиони.
Турскиот претседател потоа ќе учествува на изборниот митинг во Измир.
Ердоган се очекува утре во Анкара, точно две недели пред првиот круг од изборите, каде по четиридневна пауза оваа недела ќе ја продолжи изборната кампања.