669
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Европската унија треба да го отвори патот за пристапување на Турција во Унијата пред турскиот парламент да ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.
Пред заминувањето на самитот на НАТО во Вилнус, Ердоган изјави дека приемот на Шведска во Алијансата зависи од спроведувањето на договорот постигнат минатото лето на самитот во Мадрид, додавајќи дека никој не треба да очекува компромиси од Анкара, пренесува „Ројтерс“.
Ердоган, исто така, рече дека крајот на војната меѓу Украина и Русија ќе го олесни процесот на приклучување на Киев во НАТО.