Ердоган: Системот на ОН е неефикасен, неопходна е реформа на Советот за безбедност

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Советот за безбедност на ОН треба да се реформира со цел системот на Обединетите нации (ОН) повторно да биде ефективен, пренесува Анадолија.

„Структурата на Советот за безбедност на ООН, која ја остава судбината на повеќе од седум милијарди луѓе на милост и немилост на пет земји, не е ниту фер ниту одржлива“, рече Ердоган во видео пораката по повод 75-годишнината од основањето на ОН.

„За системот на ОН да биде повторно ефикасен, реформата на Советот за безбедност на Обединетите нации е приоритет“, додаде турскиот претседател додавајќи дека е потребен систем што ќе овозможи фер застапеност во рамките на Советот за безбедност на ОН.

„Потребен е модел на Советот за безбедност на ОН заснован на демократска, транспарентна, отчетна, ефикасна и фер застапеност“, рече Ердоган.

Тој истакна дека формирањето центар на ОН во Истанбул, раскрсница на континентите, ќе помогне во напорите за глобален мир и стабилност.

– И покрај истакнатите идеали, системот на ОН не е ефикасен во спречување на вооружени конфликти. Сега сите јасно гледаме дека е невозможно да се надминат постојните проблеми и предизвици на структурите кои беа обликувани според потребите на минатиот век – рече Ердоган.

Тој потсети дека човештвото се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ја и пандемијата на коронавирус, кои влијаат на здравјето, економијата, социјалниот мир и иднината на светот.

Слични содржини