Ердоган следната недела доаѓа во соседството

од Nikola Popovski
86 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следната недела ќе ја посети Србија. Како што пренесуваат албанските медиуми, Ердоган ќе престојува во Белград на 11 октомври, по посетата на Тирана каде што ќе пристигне претходниот ден, на 10 октомври.

Деталите за посетата не се објавени, пишува Алфапрес.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 22 септември во Њујорк се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со кого разговараше за економската соработка и заедничките проекти, како и за претстојната посета на турскиот претседател на Србија.

„Со претседателот Реџеп Тајип Ердоган за сите теми важни за билатералните односи на нашите земји, како и за глобалните безбедносни предизвици со кои се соочува целиот свет. Разговаравме за економска соработка и заеднички проекти кои можат да придонесат за развој и просперитет на двата народи и на целиот регион“, напиша тогаш Вучиќ на Инстаграм.

Ердоган последен пат беше во Србија во 2022 година.

Слични содржини