Ердоган: Случувањата во Појасот Газа го преминаа прагот на толеранција

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека случувањата во Појасот Газа, каде од 7 октомври трае конфликтот меѓу Израел и Хамас, преминале секој праг на толеранција.

Ердоган, на состанокот на генералното собрание на Истанбулската фондација за ширење на знаењето, рече дека од почетокот на израелските напади врз Појасот Газа, Турција со авиони испратила околу 40.000 тони хуманитарна помош за Палестинците во таа енклава. и бродови, јавува АА.

„Уште еден турски брод на Црвената полумесечина со 3.000 тони помош се очекува да пристигне во египетското пристаниште Ал-Ариш во недела“, рече Ердоган.

Најавувајќи дополнително зголемување на помошта за палестинскиот народ за време на претстојниот Рамазан, Ердоган рече дека Турција и нејзиниот народ недвосмислено најмногу се грижат за палестинското прашање.