Ердоган: Турската вакцина ќе биде достапна во мај

од Берта Китинска

Други десет милиони дози на кинеската вакцина Коронавак (КоронаВац) може да пристигнат во Турција пред крајот на оваа недела, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тоа е втор контингент на кинески вакцини, откако претходно Турција доби три милиони дози.Ердоган исто така рече дека очекува вакцината направена во Турција да биде достапна во мај.

Во Турција, за време на вакцинацијата, која започна пред една недела, вакцинирани се скоро два милиони луѓе, а приоритет беа здравствениот персонал и старите лица.

Слични содржини