Ердоган утре ќе разговара со Путин и Зеленски

од Nikola Popovski
131 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во среда телефонски ќе разговара со рускиот и украинскиот колега Владимир Путин и Володимир Зеленски, изјави во вторник портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин, јавува агенцијата Анадолија.

Гостувајќи на телевизија, Калин рече дека Турција ја продолжува својата „интензивна дипломатија“ со Русија и Украина во услови на тековната војна меѓу двете страни.

„Навистина, нашите релевантни министри, министри за надворешни работи и одбрана и други колеги разговараат со своите колеги од двете страни“, додаде Калин.

Тој исто така рече дека Турција е единствената земја која „смислено“ ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса.

„Турција е единствената земја што може да го направи тоа во овој капацитет“, рече Калин.

Туркие, која доби меѓународна пофалба за својата единствена посредничка улога меѓу Украина и Русија, постојано ги повикува Киев и Москва да ја прекинат војната преку преговори.

Фото: ТАСС

Слични содржини