Ердоган: Верувам дека Москва нема никаква врска со ракетата во Полска

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ја почитува изјавата на Русија дека нивните ракети не ја погодиле полската територија и оти смета дека Москва „нема никаква врска со ракетата“.

„Русија објави дека нема никаква врска со експлозијата, а американскиот претседател Џо Бајден вели дека овие проектили не се руско производство. Ова покажува дека Русија нема никаква врска со ракетата“, рече Ердоган на прес-конференција за време на Г-20 самитот во Бали, Индонезија, пренесува „Ројтерс“.

Ердоган рече дека ситуацијата мора да се истражи и дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин кога ќе се врати во Турција.

Слични содржини