Ердоган: За една година ќе изградиме 488.000 нови домови за жртвите од земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека планираат да изградат 244.000 домови и 75.000 селски куќи во следните два месеца.

Ердоган во понеделникот вети дека ќе го обнови јужниот регион на Турција, кој минатиот месец беше погоден од силни земјотреси во кои животот го загубија најмалку 46.104 луѓе, јавува „Анадолија“.

„Денес, додека ја оставаме четвртата недела од земјотресот зад нас, појасно ја гледаме големината на катастрофата што ја доживеавме и подлабоко ја чувствуваме болката од нашите загуби“, рече Ердоган по состанокот на владата во главниот град Анкара.

„Нашата цел е да започнеме со изградба на 244.000 домови и 75.000 селски куќи во следните два месеца“, рече Ердоган, додавајќи дека изградбата на 22.000 згради веќе е започната.

Во рок од една година ќе бидат изградени вкупно 488.000 нови домови за жртвите од катастрофата во областите погодени од земјотресот, додаде турскиот претседател.

Слични содржини