Ердоган: Заканите нема да нè одвратат од потрагата по ресурси

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Ниту една закана не може да ја одврати Турција од тоа да бара природни ресурси во источниот Медитеран, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека Анкара очекува актерите во регионот да преземат чекори за да ги смират тензиите.

„Турција е решена до крај да бара исполнување на своите права во источниот Медитеран и ниту една колонијална моќ или закана не може да нè одврати од пребарувањето за нафтени и природни гасни ресурси за кои се верува дека постојат во регионот“, рече тој во обраќањето во Анкара, додавајќи дека Турција сака спорот да се реши преку дијалог и дипломатија.

Двата турски истражувачки бродови се во водите на источниот Медитеран, на кои, покрај Турција, право истовремено полагаат и Грција и Кипар, со што се изрази подготвеност за заеднички ангажман со сите соседни земји со цел да се дефинираат поморските граници.

Слични содржини