Ерера го раскина договорот со Пари Сен Жермен

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Шпанскиот играч за врска, Андер Ерера го раскина договорот со Пари Сен Жермен, соопшти францускиот шампион.

Двете страни долго преговараа и на крајот се договорија шпанскиот фудбалер да добие отштета што е нешто помала од двете години од договорот што му останаа со ПСЖ.

Така тој ги потпиша документите за раскинување на договорот со заедничка согласност, а клубот со задоволство заштеди дел од неговата плата, која беше значителна.

Андер Ерера сега е слободен играч и се очекува во наредните часови да потпише договор со Атлетик Билбао, со кој веќе се договорил.

Слични содржини