239
Неколку илјади приврзаници на Опозициското движење утрово ги пробија полициските кордони и ги блокираа влезовите во зградата на Министерството за надворешни работи на Ерменија.
„Ова министерство повеќе не работи во интерес на Ерменија и ерменскиот народ“, изјави заменик-претседателот на Националното собрание, Ишкан Сагателијан, еден од водачите на протестот, пренесе агенцијата ТАСС.
Ерменската опозиција протестира против средбата на ерменскиот премиер Никола Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Брисел, со посредство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.