🎥 Нападната полициска станица во Ереван – се стравува дека и ова е терористички напад

од Симе Стоиков

Вооружени напаѓачи денеска упаднаа во полицискиот оддел во областа Нор-Норк во главниот град на Ерменија, Ереван, се слушнале експлозии и истрели, а има и повредени, јави руската агенција Интерфакс.

Вооружените напаѓачи би можеле да припаѓаат на организацијата „Борбено братство“, чии 50 членови беа приведени претходно денеска, објави Интерфакс, повикувајќи се на локалните медиуми.

„Се слушнаа експлозии и истрели, а луѓе се повредени“, објави агенцијата.

Според онлајн изворот armour.am, напаѓачите детонирале граната во близина на зградата и имало ранети.

Слични содржини