Ериксен се сели од Лондон во Манчестер

од Vlatko K
171 прегледи

Кристијан Ериксен по се изгледа ќе си замине од Тотенехм. Иако очекуваниот трансфер во Реал
Мадрид пропадна поради желбата на Шпанците да потпишат со Пол Погба, тој има понуди кон себе.

Според весникот „Сандеј мирор“, Данецот веќе ги спакувал своите торби и го ослободил домот во
кој живееше во северен Лондон. Тоа само ги докажува неговите намери да се раздели со „петлите“,
со кои е врзан само за уште 12 месеци.

Според „Сандеј Експрес“, офанзивниот играч од средниот ред се упатил кон Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ веќе два пати го „нападнаа“ со понуди, кои тој сепак ги одбил. Но, очигледно, при
третата понуда тој повеќе не можел да каже „не“ и се очекува да го премине на „Олд Трафорд“
наскоро.

Инаку интересно е, според англиските медиуми, дека Ериксен го напуштил својот дом во северен
Лондон уште пред финалето во Лигата на Шампионите со Ливерпул на 1 јуни. Ова некако открива
зошто тој беше бледа сенка на себе во овој важен меч.