Чилеанските власти издадоа безбедносно предупредување откако вулканот Ласкар еруптираше на Андите, исфрлајќи пепел на висина од 6.000 метри.
Ерупцијата на вулканот предизвика серија помали земјотреси.
Засега не е забележана штета во околните места, но нивото на тревога е подигнато од првичното зелено на жолто ниво, што значи дека вулканот е нестабилен.
Жителите на Талабра во Антофагаста, мал град на околу 12 километри од вулканот, први забележале промени во активноста на вулканот.
И покрај големата колона чад над вулканот, составена од вулканска пепел и врели гасови, ниту една куќа не е оштетена.
Властите ја затворија областа во радиус од пет километри од кратерот.
Вулканот Ласкар во северниот дел на Чиле е на околу 70 километри од градот Сан Педро де Атакама, популарна туристичка дестинација за оние кои сакаат да ја видат пустината Атакама, најсувото место на светот, јавува Би-Би-Си.